27.2 C
Vinica
четврток, јуни 11, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Изгаснат пожарот во Штип, ДЗС апелира пензионирани пожарникари и полицајци летово да помогнат во борбата со огновите

    Пожарот во Штип, што избувна вчера попладнето на патот кон градските гробишта во месноста Плуждино, е изгаснат, информираат од Центарот за управување со кризи. Пожарот најверојатно бил предизвикан од удар на гром, а се проширил на сува трева во околината поради засилениот ветер и ги загрозил објектите кои биле во близина. Од ЦУК велат дека во гасењето учествувале противпожарни единици од Штип со 20 пожарникари и 4 возила, како и со со 10 луѓе и 4 возила, а се придружиле и екипи од Кочани со 2 возила и 6 луѓе и од Свети Николе со една екипа.

    Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов денеска информираше дека во гаснењето на пожарот во Штип не се користени авиони, бидејки немало услови на теренот за таков вид на интервенција. Ангелов вчера упати повик до поранешни припадници на полицијата, Армијата и противпожарните единици да се приклучат на Дирекцијата и да помогнат во текот на летото и сушната сезона, кога се очекуваат голем број пожари. Тој информира дека на единиците на терен им се потребни возачи на специјалните противпожарни возила, 22 пинцгауери, 5 хермелини и 15 БТР-и пренаменети во противпожарни возила, оператори на противпожарните пумпи вградени на специјалните противпожарни возила и оператори со противпожарни водни ранци и метли.

    „Дојдете, помогнете и заработете 2.150 евра за три месеци во текот на летото, гаснејки ги пожарите на отворен простор кои претстојат пред нас. Работното време ќе биде прилагодено на потребите за справување со пожарите на отворен простор односно се оди на терен во деновите кога има зголемен обем на пожари и се останува додека има потреба и услови за дејство“, стои во апелот на Дирекцијата.

    Ангелов вели дека кандидатите треба да имаат најмалку петгодишно полициско, армиско или пожарникарско искуство, без разлика дали се во пензија или од други причини ги напуштиле овие служби, треба да се здрави и во добра психофизичка кондиција соодветна на возраста. Платата же им биде 44.000 денари, а ќе бидат ангажирани на три месеци.

    „Ние ќе организираме соодветни здравствени прегледи, основна проверка на нивната психофизичка состојба, кратка и ефективна противпожарна обука, ќе добијат противпожарна униформа и неопходна опрема, а потоа ќе започнат со организирано учество најпрво во полесни и поедноставни пожари а подоцна и во други пожари каде ќе има потреба од подршка на локалните сили, на територијата на Македонија“, рече Ангелов.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica