19 C
Vinica
среда, јуни 3, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Условна казна за насилникот од обезбедувањето на премиерот што си ја истепа сопругата

    На денешното рочиште обвинетиот призна вина и судот му определи условна осуда – казна затвор во траење од 1.6 години доколку во наредните 3 години стори друго кривично дело, соопштија во Основниот кривичен суд.

    Р.Р., кој е член на обезбедувањето на премиерот, претходно доби осум дена притвор по пријава за семејно насилство, откако неговата сопруга пријавила дека била физички нападната во семејниот дом.

    Во информацијата од билтенот на МВР настанот се случил на 2 мај.

    „На 2 мај во 23 часот полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Р. од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од неговата 37-годишна сопруга. Таа пријавила дека во семејниот дом била физички нападната, дека ѝ биле упатени закани и дека ѝ бил оштетен мобилниот телефон“, беше наведено во билтенот на МВР.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica