22.1 C
Vinica
петок, мај 29, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Проект на Јадро и ИМА за зајакнување на одржливоста и видливоста на независната културна сцена

    Јадро – Асоцијација, во партнерство со Институтот за медиуми и аналитика ИМА, започна со реализација на проектот „Креативна работа, јавна вредност: Застапување за праведни политики во независниот културен сектор“. Проектот е поддржан од Владата на Швајцарија во рамки на проектот „Култура за развој“, кој се имплементира од Хартефакт Фонд.

    Планираните проектни активности, кои ќе започнат во текот на овој месец и ќе траат до средината на 2028 година, ќе бидат фокусирани на зајакнување на одржливоста, видливоста и демократската улога на независната културна сцена во Северна Македонија.

    „Преку координирани активности на работни групи, истражувања и соработки со институции и со публиката во Скопје, како и преку децентрализирани настани во неколку општини низ државата, Јадро – Асоцијација во партнерство со ИМА ќе работи на поттикнување на модели на соработка, зајакнување на дијалогот со институциите и развој на културните простори со цел создавање долготрајни рамки на одржливост како и подемократски, поинклузивен и поотпорен културен екосистем“, велат од организациите.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica