26.6 C
Vinica
среда, мај 27, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Сиљановска-Давкова на верниците им го честиташе Курбан бајрам

    Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска на верниците им го честиташе големиот муслимански празник Курбан бајрам. Во честитката упатена до поглаварот на Исламската верска заедница, реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаи, таа посака сите верници од исламска вероисповед празникот да го поминат во мир, радост и семејна благосостојба.

    „Во свет обременет со неизвесност, недоверба, отуѓеност и ослабено чувство на заедничка припадност, големите празници имаат силна духовна димензија и моќ. Курбан бајрам, преку својата длабока симболика на дарување и пожртвуваност, упатува на вредности, важни за моралната зрелост на заедницата: човечноста, емпатијата, солидарноста и одговорноста кон другиот. Токму во способноста да се зачуваат и да се изразат љубовта и грижата за ближниот, дури и во мигови на разлики и предизвици, се препознава и се мери интегрираноста на општеството. Само преку разбирање, заемно уважување и култура на почит, различностите можат да бидат предност, а не слабост, да станат мост, а не препрека, да прераснат во единство, надминувајќи ги поделбите“, стои во честитката на Сиљановска-Давкова.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica