22.5 C
Vinica
вторник, мај 26, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Решението за студентите што сакаат да полагаат правосуден испит на албански треба да е над партиските интереси, смета Мицкоски

    Премиерот Христијан Мицкоски денеска искажа став за протестите на студентите кои бараат да полагаат правосуден испит на албански јазик и нагласи дека, колку и да има политика и интереси во наметнувањето на темата со употреба на јазиците при полагање на правосудниот испит, тој е подготвен за разговор, но само ако се постават низ правилната призма.

    „​Заинтересиран сум и подготвен сум да помогнам во секој процес кој ќе значи подобро и посилно образование. Немам никаква задршка да се разговара на темите кои денеска се актуелни и секоја заедница да го има правото да напредува и да го употребува својот јазик, сè додека тоа е во рамките на Уставот, законите и сè додека се почитува нашиот идентитетски белег, македонскиот јазик. ​Затоа многу брзо ќе дојдеме до решение кое треба сите да го поддржиме и кое ќе отскокнува над поединечните партиски и политички интереси и тенденции да заглавиме во уште една националистичка замка“, рече Мицкоски.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica