24.6 C
Vinica
понеделник, мај 25, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Навредувал и истепал дете од 13 години, кривична пријава за маж од Илинден

    Маж од Илинден доби кривична пријава од Основното јавно обвинителство за кривично дело насилство врз дете, откако навредувал и истепал другарче на својот син.

    Според информации од Обвинителството, осомничениот 49-годишник, во двор на основно училиште во Илинден, извршил физичко и психичко насилство спрема дете од 13 години. Претходно, во училишниот двор, синот на осомничениот имал недоразбирање со свој врсник и го повикал таткото.

    „Кога пристигнал, осомничениот најпрво започнал да му упатува навреди, пцовки и погрдни зборови на другото дете, а во еден момент и физички го нападнал со удари со шлаканици и тупаници во главата и телото, нанесувајќи му расекотини и подливи“, велат од ОЈО.

    Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил и предлог за определување мерки на претпазливост, обврска осомничениот да се јавува во судот и забрана да се приближува на оштетеното дете.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica