Студенти сместени во Студентски дом „Гоце Делчев“ се жалат на појава на стаорци, немање топла вода и проблеми со функционирањето на лифтовите во објектот, објави Студентарија.мк на социјалните мрежи.
Според студентите, стаорци веќе се појавилe и на повисоките катови од блокот и велат дека со сопствени средства купиле лепак против глувци и го поставиле во собите, во обид самите да се справат со проблемот.
Освен проблемот со стаорците, студентите во блокот Б пријавуваат дека немаат топла вода. Поради тоа, дел од студентите биле принудени да се капат кај пријатели и роднини.
Во меѓувреме касни и исплатата на осмата рата од државните студентски стипендии.