18.4 C
Vinica
петок, мај 8, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Членот на обезбедувањето на Мицкоски што ја истепа сопругата доби кривична пријава

    Полициски службеник, дел од обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски, доби кривична пријава за телесна повреда. Како што информира Министерството за внатрешни работи, полицаецот Р.Р. (39), на 2 мај физички ја нападнал неговата 37-годишна сопруга. Тој бил уапсен и изведен пред судија на претходна постапка, кој му одредил мерка притвор во траење од осум дена.

    „Единицата за насилен криминал при СВР Скопје до ОЈО ГОКК поднесе кривична пријава по итна постапка против Р.Р. (39), вработен како полициски службеник во ОЗОЛО- ЕОПРСМ при Министерството за внатрешни работи, поради основано сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда” по член 130 став 2 од КЗ, односно затоа што на 02.05.2026 физички ја нападнал неговата 37-годишна сопруга. Одделот за внатрешна контрола криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР против полицискиот службеник ќе поднесе предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина и ќе изрече задолжителни мерки за отстранување од работното место“, информираат од МВР.

    Премиерот Мицкоски денеска изјави дека законите се применуваат подеднакво за сите и дека нема да толерира недисциплина и неказнивост кај државните службеници, но и дека се работело за мал престап.

    „Тоа е втор случај за лице од моето обезбедување каде што законот важи за сите, за разлика од минатото кога членови на обезбедување на претстедателот тепаа граѓани, се изживуваа по дискотеки и минуваа неказнети. Во овој случај гледате мал престап, а системот функционира. Се работи за припадник во претходницата, која не ја гледам често, а неговата сопруга е ќерка на мој колега од факултет“, рече Мицкоски.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica