21.9 C
Vinica
вторник, мај 5, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Лажни казни за сообраќајни прекршоци преку СМС, МВР алармира за нова измама

    Министерството за внатрешни работи (МВР) предупредува за зачестена појава на измамнички пораки испратени до граѓани, во кои се бара наплата за наводни сообраќајни прекршоци преку лажна веб-страница.

    „Зачестена појава изминативе денови е непознати лица преку телефонски број +639606963624 да испраќаат пораки на македонски корисници за наводно регистриран сообраќаен прекршок и бараат наплата со платежна картичка за истиот на лажна веб страна http://mvr.govmk.cam/mk“, соопштуваат од МВР.

    mvr, lazni izmami
    Фото: МВР
    mvr, lazni izmami
    Фото: МВР

    Од Секторот за компјутерски криминал информираат дека пораките пристигнуваат од странски телефонски број и содржат линк до лажна страница што се претставува како официјална на МВР. По кликнување на линкот, од корисниците се бара да внесат регистарска табличка, по што им се прикажува наводен прекршок и барање за уплата од 1.500 денари со платежна картичка.

    Од МВР апелираат граѓаните да бидат внимателни, да не отвораат сомнителни линкови и да не внесуваат лични податоци или податоци од платежни картички на непроверени страници.

    Надлежните предупредуваат дека ваквите информации можат да бидат злоупотребени и ги повикуваат и граѓаните и правните субјекти да не отвораат пораки од непознати испраќачи.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica