18.8 C
Vinica
понеделник, април 27, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    „Јон Вардар“ повторно во Африка

    Првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата“ продолжува со своето успешно меѓународно патување, овојпат со селекција на Фестивалот за анимирани филмови (ФФАА) во Абиџан, на Брегот на Слоновата Коска.

    Станува збор за еден од водечките фестивали за анимација во Западна Африка, чија цел е да ја развива и промовира анимациската индустрија на континентот, но и да донесе интернационални продукции пред африканската публика. ФФАА презентира автори и студија од целиот свет, претставувајќи платформа за културна размена, професионално вмрежување и откривање нови трендови во анимацијата.

    Фестивалот ќе трае од 27 април до 3 мај, а церемонијата на отворањето е вечерва во седиштето на МАСА, меѓународна организација посветена на промоција на африканските изведувачки уметности. „Јон Вардар против Галаксијата“ е еден од петте долгометражни филмови кои ќе бидат прикажани во главната селекција.

    Филмот, во сценарио и режија на Гоце Цветановски, е првиот долгометражен анимиран филм од Македонија и веќе има зад себе богата фестивалска траекторија, со проекции и награди низ Европа, Јужна Америка, Северна Америка, Австралија и Азија. Продуцент е Алан Кастиљо, арт директор е Михајло Димитриевски – Тхе Мичо, директор на анимација е Димитар Ѓоргиев, а главните улоги ги толкуваат Жарко Димоски, Емилија Мицевска и Дамјан Цветановски.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica