„Очекувам да биде избран проевропски ориентиран премиер, кој биде фокусиран повеќе на добрососедски односи, наместо на билатерални спорови“, рече премиерот Христијан Мицкоски коментирајќи ги парламентарните избори кои денес се одржуваат во Бугарија.
Тој посочи дека очекува наместо на билатералните прашања новиот премиер да се посвети на вистинските европски темелни вредности, дефинирани од Аденауер, Шуман и Де Гаспер многу одамна и дека како земја-членка на ЕУ да биде вистински промотор на копенхагеншките критеруми, а не на билатерални спорови, кои сега треба да дадат одговор на прашања, кои се од средниот век.
Мицкоски забележа и дека е впечатливо што на изборите во Бугарија за гласање се пријавиле само 250 граѓани од Македонија, за разлика од 200.000, како што тврдат бугарските власти дека има македонски Бугари.