Американскиот атлетичар, Рајан Краузер утрово го собори рекордот на гран при митингот во Лос Анџелес во фрлање ѓуле.
Краузер успеа да фрли 23.56 метри и така го поправи рекордот од 23.27 кој го постави исто така тој.
Двократниот олимписки шампион овој резултат го оствари пред две години во американските квалификации на Олимписките игри во Токио.
На митингот во Лос Анџелес Краузер двапати фрлаше над 23 метри остварувајќи резултати од 23.23 и 23.31.