12.7 C
Vinica
недела, октомври 18, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Судири и солзавец и на четвртиот ден од протестите во Тирана

    Четврти ден по ред продолжуваат жестоките и насилни судири меѓу полицијата и демонстрантите пред Министерството за образование и на булеварот во близина на зградата на албанската Влада, пренесува „Фактоје“.

    Како што се пренесува, по неколкуте мирни моменти за време на протестот во петокот, демонстрантите околу пладне го нападнале Министерството за образование со тврди предмети, по што полицијата употребила водени топови и солзавец за да ја растера толпата собрана пред институцијата.

    „Откако ја запалиле вратата на Министерството за економија, демонстрантите во попладневните часови се преместиле на булеварот, каде што најпрво ја нападнале зградата на Парламентот, а потоа и седиштето на Владата. Претходно, Основниот суд донел одлука за ослободување на 17 од вкупно 18 лица уапсени на првиот ден од студентските протести, главно пред Министерството за образование“, се вели во објавата.

    Државната полиција ги демантирала тврдењата дека меѓу полициските службеници за време на протестите имало маскирани српски државјани. Надлежните реагирале и на видеоснимките што се прошириле на социјалните мрежи.
    Во меѓувреме, од еден од запалените киосци на булеварот „Дешморет е Комбит“, премиерот Еди Рама го повторил ставот што го изнел претходниот ден, дека зад нападите во главниот град не стојат студентите.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.