8.4 C
Vinica
петок, март 20, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Објавен конкурс за нови композиции фестивал „Бисер на Јадранот“ 2026 – повик за пејачи, автори од Македонија

    Регионалниот музички фестивал „Бисер Јадрана 2026“ официјално го отвори конкурсот за нови авторски композиции во категориите поп, забавна и медитеранска музика, нудејќи можност за нови хитови и голема сцена за изведувачите од целиот регион.

    Конкурсот е отворен од 24-ти февруари до 24 мај 2026 година, а авторите и изведувачите треба да испратат демо верзија (mp3 формат) од својата песна, при што композициите мора да бидат целосно нови – односно претходно да не биле изведувани или објавени. Организаторите информираат дека селекционата комисија ќе ги извести сите пријавени автори дали нивната песна е прифатена најдоцна до 10-ти јуни 2026 година. Потоа избраните композиции ќе треба да ја достават финалната, аранжирана верзија на песната во master wav формат најдоцна до 1 јули.

    Доколку песната биде избрана, авторите треба да достават и биографија, две професионални фотографии, како и писмена потврда за авторството на музиката, текстот и аранжманот.

    Право на учество имаат сите автори и изведувачи од регионот постари од 18 години, а дозволени се и дуетски песни, вклучително и соработка помеѓу артисти од различни земји. За пријавување потребно е да се испрати демо снимка, името на изведувачот, називот на композицијата и имињата на авторите на e-mail адресата: [email protected].

    https://biserjadrana.me/konkurs/

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica