Откако попладнево главниот град почна да се гуши во чад, во Центарот за управување со кризи информираат дека зачаденоста на Скопје е од ветерот кој го носи чадот од актуелниот пожар во Китка, општина Студеничани и општина Зелениково.
„На тие пожари досега дејствуваше хеликоптерот на МВР. До овој момент ЦУК нема пријава за можен пожар на Водно, освен двата пожари на сува трева и ниско деградирана шума во општина Илинден, како и оној во општина Capaj, село Бојане, каде зафатена е шума“, информираат во ЦУК.
Од камерата поставена на врвот на Водно може да се забележи дека видливоста над Скопје е значително намалена.