13.2 C
Vinica
четврток, март 12, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    (Рецепт) СОЛЕН РОЛАТ ОД ГОТОВИ КОРИ: Брза и вкусна ужина

    Кога ви треба нешто брзо и вкусно за појадок или ужина, солениот ролат е секогаш одличен избор. Крцкавите кори полнети со богат фил од сирење, шунка и кисели краставички создаваат совршена комбинација од вкусови на кои е тешко да се одолее.
    Состојки:
    1 пакување готови кори
    За филот:
    3 јајца
    200 г крем сирење
    1 чаша павлака
    1/2 чаша јогурт
    малку мајонез
    100 г жолто сирење
    5–6 кисели краставички
    300 г рендана шунка
    За премачкување:
    2 жолчки од јајца
    сусам по желба
    Подготовка:
    Во голем сад измешајте јајца, крем сирење, павлака, јогурт, малку мајонез, рендано жолто сирење, ситно.
    Поделете ги корите на два еднакви дела. Ставете две кори на плех обложен со хартија за печење, покријте со дел од филот, потоа ставете уште две кори одозгора и покријте повторно. Повторете го процесот додека не се добие кора и фил, а потоа внимателно замотајте сè во ролат. Повторете ја истата постапка и со другата половина од корите. Премачкајте ги ролатите со изматени жолчки и наросете ги со сусам. Печете во рерна загреана на 180°C околу 15-20 минути, додека ролатите не добијат убава златна боја.

    Пријатно!

    Фото: Принтскрин/novosti

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica