8.6 C
Vinica
понеделник, февруари 23, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Еден тон „здрава“ храна што се чувала во нечистотија и имала истечен рок заврши на уништување

    Илјада и десет килограми небезбедна „здрава храна” уништија инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) кај 14 оператори во рамки на 373 контроли спровдени неделава, кај оператори именувани како објекти за производство и промет со здрава храна, информираат денеска во АХВ.

    „Со контролите утврдено е дека 14 оператори воопшто не биле регистрирани како оператори со храна во Агенцијата. За утврдените недоследности со контролите, издадени се 65 решенија, 19 опомени и 44 парични казни, во вкупна вредност од 20 550 евра во денарска противвредност. Кај 9 оператори со контролите утврдени биле незадоволителни хигиенски и технички услови во објектите, кај 7 била пронајдена храна со поминат рок на употреба. Кај двајца оператори најдена била и храна со непознато потекло. Несоодветно означена била храната кај 18 оператори, а кај 23, вработените немале спроведено задолжитрелен здравствен преглед“, се наведува во соопштението од АХВ.

    Како што се додава, двајца од операторите немале воспоставени процедури за добра производствена и добра хигиенска пракса или не воделе соодветни записи.

    „Кај исто толку оператори не била извршена задолжителна дезинфекција, дезинсекција и дератизација во објектите“, се вели во соопштението.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica