7 C
Vinica
четврток, февруари 12, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Серена Вилијамс на мета на критики за реклама на Супербоул: Колку ти платија? (ВИДЕО)

    Познатата американска тенисерка Серена Вилијамс предизвика возбуда на социјалните мрежи откако долго време се појавуваат фотографии на кои изгледа непрепознатливо. Вилијамс навистина драстично и многу брзо ослабе, а сега веќе е познато и како, тоа должи на инјекциите што самата си ги дава – и кои ги рекламираше за време на паузата на Супербоул.

    Таа си даде „RO“, или таканаречениот лек за слабеење GLP-1 кој е сè попопуларен во САД, а кој инаку се користи за дијабетес тип 2 и сигурно сте слушнале за познатиот „оземпик“ во последните неколку години.

    Бидејќи Серена Вилијамс одлучи да рекламира ваков вид „диета“, дури и си даде инјекција во таа реклама, таа доби десетици илјади негативни коментари на социјалните мрежи и многумина ја осудуваат за промовирање на такво нешто како позната спортистка, особено пред деца.

    „Колку ти плаќаат за ова?“, „Дали гледа колку нездраво изгледа?“, „Што ѝ е на старата добра Серена Вилијамс што не ѝ било гајле за ова?“, „Дали е можно спортист да рекламира дрога вака?“, се само дел од коментарите на социјалните мрежи.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica