22.7 C
Vinica
петок, септември 4, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Градот Скопје и осум општини добија 49 нови комунални возила

    Нови 49 возила и специјализирана опрема за комунална хигиена ќе добијат Градот Скопје и уште осум општини во земјава, вредни 4,2 милиони евра. Набавени се 19 камиони за отпад од различен тип, 9 камиони цистерни и 21 мултифункционално возило, кои што треба да помогнат во чистење на улиците.

    Новите возила денеска ги промовираа премиерот Христијан Мицкоски, министерот за транспорт Александар Николоски и градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски.

    Премиерот Мицкоски повика на општествена и на граѓанска одговорност во зачувувањето на животната средина и најави дека следен чекор ќе биде испораката на еколошките автобуси за јавен градски превоз.

    Според вицепремиерот Николоски возила ќе добијат Скопје, Куманово, Прилеп, Охрид, Тетово, Неготино, Кичево, Дебар и Велес.

    Градоначалникот на Скопје Ѓорѓиевски вели дека сметот со години е еден од најгорливите проблеми во главниот град, но верува дека со оваа современа механизација ќе се зајакнат капацитетите за одржување на јавната хигиена.

    „Град Скопје со сопствени средства набавува дополнителни специјализирани возила, како и повеќе од 3.300 нови контејнери, за кои постапката е во завршна фаза. Со тоа ќе му ставиме крај на долгогодишниот проблем со сметот“, рече Ѓорѓиевски.

    Скопското јавно претпријатие „Комунална хигиена“ ќе добие дваесетина специјални комунални возила наменети за собирање и транспорт на комуналниот отпад и за одржување на хигиената на јавните и сообраќајните површини. Станува збор за специјални камиони со зафатнина од 3, 8, 17 и 20 кубни метри, автоцистерни наменети за машинско миење на улиците и специјализирани метларки наменети за машинско метење.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.