Овој безвременски колач е популарен низ целиот свет, а не можеме да одлучиме дали подобро „оди“ со кафе, ликер, вино или млеко. Или можеби без никаква „придружба“? Проценете сами.
Потребно е:
– чаша белки (околу 6-8)
– чаша шеќер
– чаша масло
– чаша и пол брашно
– лимон (сок и кора)
– шака сечкани ореви
– 100 г суво грозје
– 100 г суви смокви
Подготовка:
Добро изматете ги белките, потоа полека додадете шеќер, масло, брашно, рендана кора и сок од лимон. Посипете ги сувото грозје со малку брашно и измешајте ги со раце за да не се залепат зрната. Додадете го во смесата од белки, како и ситно сечканите смокви и ореви, ренданата кора и сокот од лимон.
Намастете го калапот за печење и посипете го со брашно, а потоа истурете ја смесата во него. Печете во рерна, претходно загреана на 180 степени, околу 45 минути. Оставете го комисбротот добро да се олади, а потоа внимателно извадете го од калапот и послужете.
Фото: Принтскрин/Youtube/Tomina Kuhinja