3.4 C
Vinica
четврток, март 12, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Муамет Хоџа ја презеде функцијата министер за животна средина и просторно планирање

    Муамет Хоџа денеска официјално ја презеде функцијата министер за животна средина и просторно планирање, со што стана одговорен за ресорот задолжен за заштита на животната средина, одржливиот развој и просторното планирање во државата.

    На својот прв работен ден, Хоџа одржа работна средба со заменик-министерката Ане Лашкоска и со раководниот тим на Министерството.

    Тој истакна дека негови приоритети ќе бидат доследно спроведување на законите, зајакнување на инспекцискиот надзор, како и транспарентна и отворена комуникација со јавноста.

    Министерот нагласи дека Министерството ќе работи на целосно усогласување со Европскиот зелен договор и обврските што произлегуваат од процесот на европска интеграција. Во таа насока, Хоџа најави активно вклучување на граѓанските организации, научната и академската заедница, локалните самоуправи и другите релевантни чинители во изнаоѓањето решенија за еколошките предизвици во земјата.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica