Две лица добија кривична пријава за убиство што пред три дена се случи во населбата Дуќанџик во Скопје. Како што информираат од Министеството за внатрешни работи, по преземени мерки и активности, Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Р.К. и И.С., поради сомнение за дека сториле убиство.
Двајцата, на 6 септември, околу 23:30 часот, во близина на раскрсницата помеѓу улиците „Прохор Пчински“ и „Војдан Чернодрински“ во Скопје, од мотоцикл пукале со огнено оружје кон група лица.
При пукањето бил погоден А.М.(26) од Скопје, по што со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде починал.