26.6 C
Vinica
сабота, септември 12, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Претреси на 32 локации во Скопје, се бараат докази за фалсификувани возачки дозволи

    Денеска во Скопје се вршат претреси на 32 локации поради сомненија за фалсификување возачки дозволи, соопштија денеска во Јавното обвинителство.

    „Врз основа на наредби од судија на претходна постапка, обезбедени по барање на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска се вршат претреси на 32 локации во Скопје, на лица, домови и службени простории во МВР. Се преземаат и други дејствија заради обезбедување докази поради сомненија за кривично дело – Фалсификување исправа од член 378 од Кривичниот законик“, се вели во информацијата од Обвинителството. 

    Се работи за фалсификување возачки дозволи за Ц и Д категорија, односно за управување со товарно возило и автобус, информираат во МВР.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.