4 C
Vinica
среда, февруари 25, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Британската амбасада потврди дека соработува со македонската влада за справување со нелегалната миграција

    Македонија започнала формални преговори со Британија за прифаќање одбиени мигранти, пишува британски Дејли мејл. Според написите, станува збор за лица на кои им е одбиено барањето за азил во Велика Британија, пренесуваат британските медиуми.

    Според информациите од медиумите планот предвидува Британија да и плаќа на Македонија за секој мигрант што ќе го прифати, како и да вложува во земјата преку инвестиции и поддршка за нејзината безбедност, особено во контекст на руското влијание во регионот.

    „По клучната средба меѓу премиерите Стармер и Мицкоски во мај, беше воспоставено Стратешко партнерство фокусирано на долгорочна политичка, економска и безбедносна рамка дизајнирана да ја продлабочи соработката и да ја зајакне стабилноста и просперитетот во двете земји. Како дел од ова, потпишаа партнерство меѓу владите за реализација на критични инфраструктурни проекти. Оваа соработка беше зајакната и од двајцата премиери на Берлинскиот процес, кој се одржа во октомври оваа година.“ објави Британската Амбасада на нивните социјални мрежи.

    „Дополнително, двете земји соработуваат преку Заедничката работна група за миграција за борба против нерегуларната миграција и организираниот имиграциски криминал, зајакнување на безбедноста и справување со криминалните мрежи. Ние цврсто стоиме покрај нашиот сојузник во НАТО за да го унапредиме просперитетот, безбедноста и економскиот раст.“ изјавија од амбасадата.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica