8.4 C
Vinica
понеделник, ноември 24, 2025

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    СДСМ: Трипуновски испратил празни страници како одговор во случајот со суспензијата на ИПАРД

    СДСМ денеска објави дека министерот за земјоделство Љупчо Трипуновски испратил „празни страници“ како одговор на нивното официјално писмено барање за информации поврзани со суспензијата на ИПАРД програмата.

    Од партијата посочуваат дека документацијата што ја добиле не содржи информации за причините за суспензијата, за времетраењето, ниту за планираните чекори за надминување на проблемот. СДСМ оценува дека станува збор за навреда кон земјоделците и кон сите кои зависат од поддршката на ИПАРД.

    На прес-конференцијата на опозициската партија беше наведено дека испратениот одговор содржел само општи законски рамки и делови од регулативи, за кои велат дека „веќе се познати и не нудат одговор на клучните прашања“.

    „Суспензијата на над 130 милиони европски пари не е некоја административна формалност, туку сериозен удар врз илјадници земјоделци и компании кои се потпираат на поддршката од ИПАРД. Со ова сокривање на информации, Трипуновски го загрозува системот на поддршка кон земјоделците и ја продлабочува штетата што ја претрпуваат. Овие луѓе, кои што земале кредити за инвестиции, се задолжиле, имаат право да знаат до кога ќе трае суспензијата и кој ќе им ја покрие штетата од задоцнетите исплати“, рече портпаролката на СДСМ на денешната прес-конференција.

    Според СДСМ, со недостигот на конкретни информации се загрозува системот на поддршка за земјоделците и се продлабочува штетата што ја предизвикала суспензијата на европските средства. Партијата повторно бара целосни одговори и политичка одговорност, наведувајќи дека министерот треба да поднесе оставка.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica