Без изненадувања минаа натпреварите од шестото коло во Првата лига мажи. Фаворитите беа сигурни во соочувањата со своите ривали и рутински стигнаа до трите бода.
Лидерот на табелата Штип УГД има „шест од шест“ победи и максимални 18 бода по триумфот над Лирија од 3:0 на гостински терен.
Шампионот Струмица 47&72 и Работнички 71&22 го следат штипскиот состав на второто, односно третото место според пласманот. Струмица без посериозни проблеми го победи Универзитет во Тетово, додека Работнички одигра интересен дуел со Сушево, кој го доби со 3:1 и притоа се искачи и позиција повисоко на табелата.
Шкендија со максимална победа над дебитантот Скопје го отвори шестото коло од претходо, додека последниот дуел се игра в понеделник за кога е закажана средбата меѓу ГОК Борец и Весна Пробиштип, која од 19:30 часот ќе има и директен пренос на МРТ3.