11.5 C
Vinica
недела, ноември 23, 2025

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    МЕТЕОАЛАРМ НАЈАВА ЗА: Врнежи од дожд, заладување и снег над 1200 м.н.в

     

    Веќе од север во нашата Македонија започна да се спушта ладен воздух кој позначително ќе ги спушти температурите на воздухот и во текот на денешниот неделен ден максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 14 степени а во Скопје и околината температурата ќе се искачи до околу 10 степени. Особено во западните и во југозападните предели повремено ќе дува засилен ветер од југозападен правец.

    Времето ќе продолжи да биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд а повеќе врнежи ќе има во западните предели каде локално повторно ќе наврне позначително количество на воден талог (над 20 литри дожд за 24 часа). Поради заладувањето на планините над 1200 метри надморска височина врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка.

    И во Скопје и околината денес ќе имаме повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер најпрвин од јужен а попладне и навечер од северен правец.

    Метео прогноза на Славчо Попоски

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica