14.5 C
Vinica
петок, ноември 21, 2025

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Приведени десетина вработени во УЈП, постапката ќе се води во кочанското обвинителство

    Љупчо Коцевски, државниот јавен обвинител изјави денеска дека се приведени десетина вработени во Управата за јавни приходи (УЈП) и дека во моментов се вршат претреси на повеќе локации. Оваа предистражната постапка е поврзана со предметот за Кочани, но ќе се води во кочанското обвинителство.

    „Местото на извршување е на тоа подрачје. Ако излезе нешто ново за некое кривично дело, предметот евентуално може да се пренесе во ОЈО ГОКК. Но, од првичните сознанија од кривичната пријава произлегува дека надлежно е ОЈО Кочани“, изјави државниот јавен обвинител, кој кажа дека лицата се товарат за злоупотреба на службената положба и овластување, како и давање и примање мито.

    „Ова се кривични дела за злоупотреба, давање и примање поткуп што нема врска со овој кривично правен-настан односно со предметот за Кочани кој во моментов е во тек. Во овој момент не може да открие на кои позиции во УЈП се лицата опфатени во постапката бидеќи сè уште се земаат генералии. Според моите информации, Обвинителството ќе предложи одредени мерки за приведените“, рече тој.

    Коцевски информира дека за кривичното дело Злоупотреба на службена положба и овластување, рокот е за последните пет години или последните три, а во однос на другите кривични дела за поткуп, рокот е поголем.

    „Ако има застареност во овие кривични дела, тогаш обвинителот нема ниту да презема никакви дејства“, изјави Коцевски.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica