Кога мирисот на чоколадо ќе се спои со свежината на портокалите, добивате десерт кој ги освојува сите сетила! Овие чоколадно-портокалови коцки се совршена комбинација од богат вкус, нежна текстура и цитрусна нота што освежува секој залак.
Состојки
За кората:
3 јајца
120 г шеќер
1 кесичка ванилин шеќер
100 мл млеко
100 мл масло
180 грама брашно
½ кесичка прашок за пециво
1 лажица какао
Други состојки:
200 мл сок од портокал (по можност свежо исцеден)
3 лажици џем од кајсии (или сливи — подеднакво вкусно!)
150 г млечно чоколадо
Подготовка:
Изматете ги јајцата со шеќерот, потоа додадете ванилиниот шеќер, млекото и маслото. Додадете го брашното измешано со прашокот за пециво. Поделете ја смесата на два дела. Истурете го првиот дел во тава (20×30 см) и печете околу 10 минути на 180°C. Во вториот дел, додадете какао, измешајте и печете во друг плех, исто така 10 минути. Премачкајте го жолтиот дел со џем. Издробете го темниот дел, додадете сок од портокал и добро измешајте. Премачкајте ја смесата врз жолтиот дел каде што сте го намачкале џемот и лесно тапкајте ја со шпатула. Покријте ја тортата со растопено чоколадо. Оставете во фрижидер да се стегне и убаво да се олади.
Уживајте!
Фото: Принтскрин/novosti