5.4 C
Vinica
сабота, февруари 21, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Утре почнува 20. АКТО-фестивал

    Утре, почнува јубилејното издание на фестивалот за современи уметности АКТО со преднастанот – предавање на архитектот Даниел Кунерт од „Арх плус“ (ARCH+), водечкото германско списание од областите на архитектурата и урбанизмот, во амфитеатарот на Архитектонскиот факултет, со почеток во 19 часот.

    Ова предавање е најава за официјалната тридневна програма на 20. АКТО-фестивал, што ќе се реализира во киното на железничката зграда од 3 до 5 октомври.

    Дел од фестивалот ќе бидат многу домашни, но и странски гости, како Зорица Милисавлевиќ-Милојковиќ (Урбани оази, Белград), Борис Бакал (Фрлачи на сенки, Загреб), Давид Нил Морси и Кристин Лаз (Floating University, Берлин), ОПА (ЗаУМ архива), Славчо Димитров (Викенд на гордоста, Скопје), Борис Бакал (Фрлачи на сенки, Загреб), Кристина Леловац (фестивал Прво па женско, Скопје), Димитар Самарџиев (Бостание – општествена градина, Скопје), Виолета Качакова и Филип Тасевски (ЗЕМЈОТРЕС, фестивал на независна музика), Пијан Славеј, група „Сиз“, група „Трето колено“ и други.

    Целата програма ќе биде концентрирана во новоотворената лабораторија за просторно-перформативни практики „Градот како сцена“, лоцирана во киното на железничката зграда во Скопје.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica