Македонската тенисерка Лина Ѓорческа продолжува успешно на турнирот во Куршумлиска Бања, Србија, каде успеа да се пласира во полуфиналната фаза во сингл натпреварувањето.
Ѓорческа во четвртфиналето успеа да ја елиминира осмата носителка на турнирот Риналдо Персон од Шведска со 2:0 во сетови.
Првиот сет нашата тенисерка го освои убедливо со 6:2, а вториот кој беше нешто понеизвесен со 6:4.
Македонката, која е трета носителка во Куршумлиска Бања, за пласман во големото финале ќе игра против Кристина Дину од Романија.
Дину направи изнедадување елиминирајќи ја првата носителка Ипек Оз (238. ВТА) од Турција од 6:4 и 6:2.