17.4 C
Vinica
сабота, октомври 5, 2024

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    За првпат во Македонија изведена операција на мозок на буден пациент

    Неврохирургот и поранешен министер за здравство Венко Филипче на социјалната мрежа фејсбук сподели информација во која се вели дека тој заедно со неговиот тим успешно спровеле операција на мозок на свесен пациент. Ова е прва ваква операција што се реализира во државава. Филипче соопшти дека хирушката интервенција е извршена врз млада девојка.

    „За прв пат во историјата на неврохирургијата во нашата држава, направивме awake brain surgery. Операцијата ја изведовме кај млада пациентка која имаше тумор блиску до центрите за говор и движење на десната рака и нога“, напиша неврохирургот Венко Филипче на својот Фејсбук профил.

    „Предноста на аwake brain surgery е поради неопходната соработка која хирургот ја има со пациентот додека трае операцијата. За да се отстрани максимална количина на тумор без да се оштетат центрите за говор и движење хирургот комуницира со пациентот. Мозочното ткиво не содржи рецептори за болка, па самиот тек на операцијата е безболен.

    Кај нашата млада пациентка операцијата помина одлично. Туморот е изваден до максималните можни граници и пациентката се осеќа добро. Им честитам на тимот анестезиолози предводен од д-р Весна Дурнев и упатувам благодарност до колегата д-р Игор Лазиќ од Клиниката за неврохирургија во Белград. Драго ми е што моите млади колеги имаа голем интерес и желба да бидат повторно мој верен тим во операционата сала“, додаде Филипче.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.