15.8 C
Vinica
среда, ноември 11, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Американски војник уапсен во Британија под сомнение за шпионажа поврзана со Русија

    Четириесет и едногодишен припадник на американската армија е уапсен вчера во Велика Британија под сомнение за шпионажа поврзана со Русија, пренесува „Си-Ен-Ен“. 

    Како што се пренесува, војникот, чиј идентитет не е објавен, бил уапсен од британската антитерористичка полиција, која дејствувала во тесна соработка со американските власти, американската војска и Федералното истражно биро (ФБИ), се наведува во полициското соопштение. Тој и понатаму се наоѓа во притвор во полициска станица во Лондон.

    „Четириесет и едногодишниот маж беше уапсен во близина на Глостер во вторникот, на 10 ноември. Тој е уапсен под сомнение за кривични дела предвидени во членовите 1 и 3 од Законот за национална безбедност од 2023 година“, пишува во сопштението.

    Членот 1 од законот се однесува на постапување со заштитени информации, додека членот 3 се однесува на помагање на странска разузнавачка служба.

    „Во рамки на истрагата, полициските службеници вршат претреси на две локации во Глостершир“, соопшти полицијата, додавајќи дека земјата со која се поврзани сомневањата е Русија. Висок функционер на НАТО за Си-ен-ен изјавил дека уапсениот војник бил распореден во Сојузничкиот корпус за брза реакција (Allied Rapid Reaction Corps), корпус на НАТО под британско водство, со седиште во Глостер.

    Бригадниот генерал Шон Стинчон, командант на Контраразузнавачката команда на американската армија, во соопштението изјавил дека станува збор за високопозициониран припадник на војската кому му биле доверени чувствителни информации.

    Американски функционер потврдил дека уапсениот е офицер на американската армија од среден до висок ранг, во категорија што ги опфаќа чиновите мајор, потполковник и полковник.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.