12.9 C
Vinica
вторник, ноември 10, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Бензините поевтинуваат за седум, а дизелот за 5,5 денари за литар

    Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се намалуваат за 7
    денари за литар, и од ноќеска на полноќ ќе се продаваат за 86, односно 88 денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад.
    Од утре се намалува и малопродажната цена на дизел горивото за 5,5 денари за литар и ќе се продава за 94,5 денари.
    Според денешната одлука на РКЕ, цената на екстра лесното масло за домаќинство се намалува за 6,5 денари за литар, и ќе изнесува 103,50 денари, додека цената на мазутот се намалува за 6,261 денари за килограм и ќе се продава за 49,312 денари.

    Од РКЕ информираат дека во одлуката е применет е намален износ на акцизата од 2 денари за литар кај бензините и од 4 денари кај дизелот, како и намалување на износот на ДДВ за деизелот во висина од 10 отсто.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.