16.9 C
Vinica
четврток, септември 24, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Уставен не поведе постапка по иницијативата на Левица за државното финансирање на партиите

    Уставниот суд одлучи да не поведе постапка за оценување на уставноста на одредбите од Изборниот законик што го уредуваат распределувањето на средствата и медиумскиот простор за платено политичко рекламирање.

    Одлуката се однесува на предметите У.бр.144/2025 и У.бр.145/2025, по иницијативи поднесени од политичките партии Левица и Демократи. Со одлуката на Судот, законските одредби остануваат во сила.

    „Мнозинството судии го имаше предвид фактот дека Уставниот суд веќе одлучувал по однос на оспорените одредби, како  и прашањето дали постојат околности што би можеле да бидат основ за поинакво одлучување.“ стои во соопштението од Судот.

    Иницијативите се однесуваат на член 75-ѓ, ставови 1 и 12, член 76-д, став 5 и член 78-а, став 4 од Изборниот законик.

    Левица и Демократи претходно ги оспорија овие одредби, оценувајќи дека начинот на кој се распределуваат јавните средства и просторот за политичко рекламирање ги става помалите политички субјекти во понеповолна положба.

    Предметот беше разгледуван и претходно од Уставниот суд, но во јули судиите не обезбедија потребно мнозинство за одлука, по што прашањето остана отворено.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.