17.4 C
Vinica
вторник, септември 22, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Пациент од Куманово е деветтата жртва на западнонилската треска

    Пациент од Куманово на 66 години е деветтата жртва на западнонилската треска во земјава. Како што информираше денеска директорот на Клиниката за инфективни болести, Фадил Цана, се работи за пациент кој имал и претходни коморбидитети.

    „Пациентот беше хоспитализиран на Клиниката вкупно 28 дена, и се третираше од Одделот за интензивно лекување. Тој беше еден од двајца со потешка клиничка слика и на механичка вентилација“, изјави Цана.

    До овој момент на Клиниката за инфективни болести хоспитализирани биле вкупно 66 пациенти со оваа болест, од кои 11 се лекуваат во моментот, а еден е со потешка клиничка слика. Последниот случај на прием на лице со западнонилска треска на Инфективна е пред два дена , на 19 септември.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.