Во понеделник на 14 септември, во галеријата „КО-РА“, мал салон, во Скопје ќе биде отворена изложбата „Скопски стрипосестри 2026“.
Во организација на Здружението на стрип автори и љубители на стрипот „Стрип центар- стрипот може“ од Велес, свои дела на изложбата ќе претстават визуелните уметници Дона да Видра и Евгенија Трајковска и мултидисциплинарната уметница Ангела Петрушевска.