21.5 C
Vinica
четврток, септември 10, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Ветерниот парк во Штип ќе обезбедува енергија за над 140.000 домаќинства

    Новиот ветерен парк што го гради компанијата „Алказар Енерџи Партнерс“ во општините Радовиш, Штип и Карбинци ќе вреди околу половина милијарда долари, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски на отпочнувањето на изградбата на енергетскиот капацитет. Компанијата веќе инвестирала 180 милиони евра во првата фаза од проектот „Ветерен парк“ во Штип, по што ќе се премине во следна фаза на реализација на инвестицијата од над 500 милиони долари. Паркот ќе треба да овозможи 396 мегавати електрична енергија а ќе содржи вкупно 54 ветерни електрани и ќе биде најголем во регионот.

    „Како Влада имаме врвен приоритет да поддржуваме гринфилд инвестиции, посебно инвестиции во коишто самиот инвеститор сето она коешто ќе го произведе ќе го продава на слободниот пазар и ќе придонесува позитивно во македонскиот БДП и македонската економија. Станува збор за неколку стотици работни места, нова патна инфраструктура во овој дел од општините низ коишто ќе поминува овој ветерен парк, за 1 терават час електрична енергија од обновливи извори, или еден милион мегават-часови“, рече Мицкоски.

    Даниел Колдерон, коосоновач и генерален директор на „Алказар енерџи“ рече дека ветерниот парк ќе обезбедува енергија за 148.000 домаќинства, ќе бидат заштедени 570.000 тони ЦО2, а ќе се овозможат речиси 300 вработувања.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.