20.7 C
Vinica
среда, септември 9, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти

    Поранешниот директор на Државна лотарија, Перпарим Бајрами, утринава се пријавил кај македонските власти по што бил уапсен. Бајрами самиот се предал откако беше во бегство од 2024 година.

    Од Министерството за внатрешни работи информираат дека Бајрами утрово во 5,35 часот, самоволно и пеш се пријавил кај надлежните органи. Тој бил лишен од слобода и ќе биде спроведен на понатамошна постапка пред надлежните органи.

    Бајрами е обвининет во кривичниот процес во врска со незаконското работење на Државна лотарија, заедно со поранешниот вицепремиер Артан Груби, кој исто така беше во бегство и исто така самиот се предаде на полицијата.

    МВР против Бајрами и Груби распиша меѓународна потерница во декември 2024 година откако Кривичниот суд им определи мерка притвор од 30 дена, но тие не беа достапни за органите на прогонот. Груби се предаде во февруари годинава на граничниот премин Блаце, на македонско-косовската граница и беше во притвор, што подоцна беше заменет со куќен.

    Минатиот месец, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против осум лица за злоупотреби во „Државна лотарија“, меѓу кои и за Груби и Бајрами. Обвинителството товари осум лица како соизвршители на кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластување. Според обвинението, во текот на 2023 и 2024 година тие заеднички презеле дејствија со кои ги пречекориле своите овластувања и должности, со намера да ѝ нанесат штета на „Државна лотарија“. Штетата е проценета на околу 8,25 милиони евра.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.