23.4 C
Vinica
сабота, септември 5, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Мицкоски: Опозицијата нека ме исмејува, но Македонија е меѓу четири земји со најголем раст на БДП

    Македонија во вториот квартал, има висока економска активност и зголемен БДП од 4,3%, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски и додаде дека знае оти заради ваквите изјави е цел на опозицијата.

    „Имаме раст на индустриското производство, стабилизирана инфлација. Овој раст од 4,3%, кога ќе се додаде растот во првото тромесечје од 3,1%, дава една бројка од 3,7% во првото полугодие од годинава, што е еден од најсилните во Европа. Сега повторно ги повикувам оние на социјалните медиуми да почнат да ме исмејуваат, но јас ќе си стојам на мојот став дека ова е еден од четирите најголеми растови на БДП и во првата половина на годината, но и во второто тромесечје, при услови кога имаме за истиот квартал во 2025 година 3,5 проценти раст“, рече Мицкоски.

    Тој објасни дека Словенија има 4,8 во вториот квартал во 2026 година, но 0,7 има во вториот квартал во 2025 годинаа, а пред нас се и Малта и Данска.

    „Тоа се фактите, не може да се негираат. Во 2024 година завршивме со раст од 3 проценти на БДП, со што влеговме во првата половина од земјите во Европа, а 2025 со 3,5 проценти. Сега сме веќе во првото полугодие со 3,7 проценти, значи имаме континуиран раст во услови кога нашиот најголем трговски партнер, а тоа се ЕУ и земјите од еврозоната, имаат во целина 1,2 проценти, а еврозоната во целина еден процент“, рече Мицкоски.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.