31 C
Vinica
четврток, септември 10, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Цело Скопје мириса на чад

    Повеќе од два часа главниот град е прекриен со чад, а мирис на изгорено се чувствува во повеќе делови од градот. Засега нема официјална информација од каде доаѓа чадот, ниту дали станува збор за некој пожар во близина.

    Граѓани на социјалните мрежи од различни скопски општини, веќе реагираат и прашуваат што се случува и дали некој има информации за можен пожар, но засега нема потврдени податоци за изворот на чадот.

    Од камерата поставена на врвот на Водно може да се забележи дека видливоста над Скопје е значително намалена.

    Во меѓувреме, од Центарот за управување со кризи, соопштија дека чадот во Скопје се спуштил поради активен пожар на планината Китка.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.