24.6 C
Vinica
сабота, август 29, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    ЦУК: Пет активни пожари, еден под контрола

    Пет пожари се активни, а еден е под контрола од регистрираните 31 пожар на отворен простор до 7.30 часот утринава, информира Центарот за управување со кризи.

    Кај селата Моране, Вртекица и Рамни Габер во општина Студеничани и кракот кон село Палиград, во правец на Преслап во општина Зелениково гори мешана шума, а во општина Сарај – во село Копаница, со проширување кон село Радуша ниска вегетација и шума. Над село Нежилово, кај местото викано сватови Сватови, гори ниска вегетација и единечни дрва, во село Копанце во општина Јегуновце мешана шума, а во прилепското село Црнилиште ниска вегетација и шума.

    Под контрола е пожарот во општините Гостивар и Македонски Брод – село Трново (Општина Гостивар), со ширење кон селата Битово, Заград и Страјане (Општина Македонски Брод), а во кој се зафатени нискостеблеста шума, ниска вегетација, пасишта и папрат.

    Дваесет и пет пожари биле изгаснати.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.