29.3 C
Vinica
понеделник, август 17, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Кривична пријава за уште едно лице од Македонија за шверцот на 320 килограми марихуана

    Едно лице од вчера е во притвор и ќе одговара за продажба на над 300 килограми марихуана, за едно со уште три лица за кои се води постапка во Грција. Како што информираат од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднесена е кривична пријава од Министерството за внатрешни работи и покрената е постапка за едно лице кое е осомничено за кривично дело, неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

    „Во периодот од февруари до 14 август 2026 година, осомничениот, заедно со тројца осомничени против кои се води постапка во Република Грција, неовластено заради продажба и пуштање во промет организирале набавка, држење и пренесување 324 килограми и 474 грама марихуана“, велат од Обвинителството.

    Кон крајот на февруари годинава осомничениот набавил товарно моторно возило, а на почетокот на март и приколка, по што организирал наводен превоз на рециклирана пресувана хартија од Македонија кон Турција, преку Бугарија. Откако ги завршил царинските формалности, на 8 март 2026 година осомничениот со товарното возило и приколката ја напуштил македонската територија во правец кон Бугарија, но наместо да продолжи кон Турција, се упатил кон Грција, каде возилото со приколката го оставил на изнајмен затворен плац во Солун. Таму се сретнал со двајца од осомничените против кои се води постапка во Грција, од кои едниот е недостапен за органите на прогонот, и го договорил понатамошниот транспорт на наркотичната дрога, откако истата ќе биде сокриена во товарот со рециклирана хартија.

    По набавката на наркотичната дрога, двајца од осомничените, заедно со засега непознати лица, во периодот од 11 до 14 август 2026 година ја сместиле марихуаната во претходно направени отвори во балите со рециклирана хартија.

    На 14 август 2026 година, во рамките на акцијата „Вардарис“, полициски службеници во Грција лишиле од слобода двајца од осомничените и извршиле преглед и претрес на изнајмениот плац. Таму била пронајдена приколката, од која претходно биле отстранети регистарските ознаки. Во четири палети сместени во задниот дел од приколката и во уште четири палети пред неа било пронајдено погореспоменатото количество на марихуана.

    Бидејќи јавниот обвинител оцени дека доколку осомничениот биде оставен да се брани од слобода може да се даде во бегство, да ја попречува кривичната постапка со влијание врз соучесници и сведоци или да го повтори кривичното дело, побара определување мерка притвор во траење од 30 дена.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica