23.7 C
Vinica
недела, август 16, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Тетовец ги тепал и се заканувал дека ќе ги запали сопругата и ќерката, ќе одговара кривично

    Жител на Тетово ќе одговара кривично бидејќи ги нападнал сопругата и ќерката. Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против 50-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривични дела загрозување на сигурноста како и неизвршување судска одлука.

    „Кога во нивниот дом дошле непознати лица, барајќи од осомничениот да им врати 200 евра кои му ги дале за наводно лекување и дијализа на девојчето, сопругата признала дека ги измамил и рекла дека ќе повика полиција. Во тој момент осомничениот започнал да го удира девојчето и да им се заканува дека ќе ги запали доколку го приведе полиција. Со ова тој предизвикал чувства на загрозување и страв кај оштетените, а ги прекршил и мерките за заштита од семејно насилство кои му биле претходно определени од Основниот суд во Тетово“, велат од Обвинителството.

    Заради сите овие околности, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica