28.6 C
Vinica
сабота, август 15, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Вооружени лица откриени во зоната на строга заштита на Пелистер

    Лица вооружени со огнено оружје биле пронајдени во зоната на строга заштита на Националниот парк Пелистер. Тие се откриени откако ренџерите и полицијата од СВР Битола организрале ноќна акција на тешко достапен терен на над 2.000 метри надморска височина. Од Националнит парк велат дека токму делот за строга заштита е многу често цел за незаконити активности, бидејќи нема доволно надзор.

    „Теренот на кој се одвиваше потрагата е тешко достапен и тежок за контрола на ренџерската служба бидејќи  нема соодветна инфраструктура за редовни патролни активности. Шумските патишта кои според сите стратешки документи на НП Пелистер требало да бидат клучни артерии за заштита на природата и противпожарна заштита и контрола на ренџерска служба за жал полека пропаѓаат. Тие се високо на агендата на активности на НП Пелистер и веќе се работи на нивно опоравување“, велат од НП Пелистер.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica