25.8 C
Vinica
сабота, август 15, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    По речиси еден месец, водата во Гостивар е безбедна за пиење

    Водата во Гостивар од денес е безбедна за пиење, соопшти на прес-конференција директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, шеф на Главниот штаб за управување со кризи.

    Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Оливер Миланов изјави дека добиените резултати потврдуваат дека водата е миркобилошки и бактериолошки исправна и со тоа се исполнети условите водата повторно да се користи за пиење.

    „Последните добиени резултати покажуваат дека водата е миркобилошки и бактериолошки исправна. Со тоа се исполнети условите водата повторно да се користи за пиење“, потенцира Миланов.

    Водата во Гостивар беше забранета за пиење од 17 јули кога беше утврдено дека пумпи 22 дена внесувале вода со фекалии во градскиот водовод. Од 19 јули е прогласена епидемија, а на 21 јули беше прогласена 30-дневна кризна состојба.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica