25.5 C
Vinica
четврток, август 13, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Институциите сега ја смируваат паниката, сепак немало Ешерихија коли во скопската вода

    Водата во Скопје е исправна за пиење. Министерството за здравство, Институтот за јавно здравје, Центарот за јавно здравје-Скопје, Агенцијата за храна и ветеринарство и Градот Скопје денеска излегоа со демант на информациите кои од утрово се проширија низ социјалните мрежи дека водата од градскиот водовод во Скопје е загадена со бактеријата ешерихија коли. Неофицијално дознаваме дека дезинформациите за бактеријата во скопската вода се проширила токму од вработени во градските власти, а дополнителна паника била предизвикана во неколку големи компании во главниот град.

    На крајот, шпекулациите кулминираа со објави на социјалните мрежи и на некои онлајн медиуми, по што следуваше најава за прес-конференција на градоначалникот на Скопје. Во пораките кои се ширеа од утрово, освен што се вели дека од скопската вода „била изолирана“ ешерихија коли, исто така се посочуива дека веќе имало двајца пациенти во скопските клиники, што е апсурд бидејќи таму има стотици пациенти. Исто така, во паничните пораки граѓаните се повикуваат да ја споделат пораката со најблиските. Без воопшто да проверат дали е вистина, голем дел од граѓаните ја споделија пораката меѓусебе, а некои, додека чекаа надлежните институции да дадат официјален став, одлучија и да се снабдат со флаширана вода од маркетите.

    На крајот, откако поминаа повеќе часови од првичните дезинформации во јавнсота излегоа повеќе институции, вклучувајќи ја Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Министерството за здравство, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, и Јавното обвинителство.

    АХВ демантираше дека водата од скопскиот водоснабдителен систем е небезнедена за пиење поради наводно присуство на бактерија.

    „Како одговорна институција ја информираме јавноста дека АХВ до овој момент нема добиено известување од скопското јавно комунално претпријатије за незадоволителен резултат од лабораториско тестирање на водата за пиење, што е нивна законска обврска, врз основа на кое би била донесена и забрана за нејзина употреба. Граѓаните не треба да стравуваат. Водата од градскиот водовод во Скопје е безбедна за пиење и употреба“, велат од АХВ.

    Од Министерството за здравство, пак, информираа дека нема ниту еден регистриран, ниту хоспитализиран пациент, чија здравствена состојби се поврзува со консумирање загадена вода во Скопје. Посочуваат дека и директорот на Инфективната клиника, д-р Фадил Цана, Институтот за јавно здравје и Центарот за јавно здравје-Скопје, ги потврдиле наодите дека во градот досега не се регистрирани вакви случаи.

    Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски излезе на вонредна прес-конференција и исто така изјави дека не е точно дека е пронајдена бактерија во водата. Тој најави дека ќе одговараат сите кои шират паника и хистерија, оценувајќи дека ваквите дезинформации се еднакви на тероризам, а вината ја препиша на опозицијата. Тој рече дека од утринава се сублимирале сите профили што ширеле дезинформации и ќе биле доставени до МВР. Според Ѓорѓиевски, приказните започнале уште пред неколку дена, кога на терен се ширеле информации дека депонија оддалечена околу 30 километри од изворот Рашче би можела да претставува опасност за изворот.

    На прес-конференцијата присуствуваше и директорот на „Водовод и канализација“ Иван Митровски кој потврди дека водата во Скопје е безбедна за користење.

    Речиси истовремено со градоначалникот, министерството и АХВ, со соопштение излезе и Јавното обвинителство, од каде посочија дека оформиле предмет „по допрен глас“ за ги проверат информациите за енормно загадување на природата со отпад во заштитеното подрачје во близина на изворите Рашче.

    „Надлежен јавен обвинител ќе ги координира активностите на Државниот инспекторат за животна средина и надлежните инспекциски служби со цел да се извршат проверки во однос на потеклото на депонијата, како и можните последици“, соопштија од ОЈО.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica