25.5 C
Vinica
четврток, август 13, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Маж пронајден мртов со прострелна рана во градите во прилепско

    68-годишен маж од прилепското село Беровци е пронајден мртов со прострелна рана во пределот на градниот кош, информира Министерството за внатрешни работи.

    Случајот бил пријавен на 11 август во 07:33 часот во СВР Битола. Според пријавеното, А.В. од село Беровци го пронашол својот татко С.В. (68) починат во нива во атарот на селото.

    Лекар од Итната медицинска помош од Прилеп констатирал смрт.

    Во возилото била пронајдена ловечка пушка, со испалена чаура во цевката.

    На местото бил извршен увид од надлежните екипи. По наредба на јавен обвинител, врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција, која треба да помогне во утврдувањето на причините и околностите за смртта.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica