33.1 C
Vinica
четврток, август 6, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Инспекција во Злокуќани, откриени дивоградби и нелегално собирање отпад

    Градежен и комунален инспектор од Општината Карпош денеска направиле контрола во населбата Злокуќани, каде што бие откриени дивоградби и нелегално собирање отпад. За нелегално изградени куќи градежниот инспектор утврдил неправилности и за нив е започната постапка согласно законските надлежности. Општинскиот комунален инспектор, во координација со службите за одржување на јавната хигиена и соодветна механизација, отстрануваа кабаст отпад од јавна површина во реонот на градската улица „Скупи“ како и во внатрешноста на населбата.
    „Во рамки на акцијата, беа опоменати повеќе физички лица и домаќинства поради неправилно одлагање отпад и нарушување на јавната чистота. Истовремено, инспекциските служби разговараа со жителите на Злокуќани за нивните комунални проблеми и предизвици“, велат во Карпош.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica