31.9 C
Vinica
среда, август 5, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Во притвор жената од Кратово која незаконски наплатуваше на туристи за влез во „Куклица“

    Уапсена е 41-годишна жителка на Кратово за која се водат постапки за узурпација на локалитетот „Куклица“, за која Основното јавно обвинителство Куманово до надлежниот суд поднесе предлог и за определување притвор.

    Според информациите од МВР, полиицијата ја уапсила С.Д.(41) од Кратово на 2 Август во 19:30 часот, постапувајќи по претходна пријава дека истиот ден околу 18 часот во локалитетот „Куклица“, физички нападнала повеќе лица, кои биле посетители на локалитетот.

    Како што информираат од ОЈО, осомничената подолг период, и покрај сите досега преземени мерки, продолжува да го узурпира локалитетот „Куклица“, кој со указ е прогласен за споменик на природата, да им наплаќа влезници на посетителите без правен основ, да се расправа со нив и да им се заканува, со што постојано го нарушува јавниот ред и мир. При последниот инцидент осомничената спречувала и службено лице во вршење службено дејствие, односно физички ги нападнала и спречила полициските службеници кои се обиделе да ја легитимираат и приведат.

    „Јавниот обвинител го имаше предвид и фактот дека против ова лице веќе е во тек постапка за продолжено кривично дело узурпација на локалитетот „Куклица“, во која и се изречени мерки на претпазливост, вклучувајќи и забрана да ја посетува локацијата, меѓутоа таа одбегнува да го прими и почитува решението.
    Исто така, осомничената заедно со нејзиниот сопруг и претходно учествувала во дејствија на спречување службено лице во вршење службено дејствие кон пазарни инспектори“, стои во соопштението од ОЈО.

    Посочуваат дека бидејќи постои можност за бегство, но и на јасна тенденција осомничената да продолжи да врши кривични дела, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica